Фаер Кох е автор/ка од Лајпциг. Фаер студирал/а лингвистика во Постдам и креативно пишување на Германскиот институт за литература во Лајпциг. Пишува поезија и драмски текстови, кои се повеќекратно наградени, меѓу другото со Втора младинска театарска награда („Wir zwei“/ „Ние двајца“), германско-холандска награда за автори „Kaas & Kappes“ 2024 („Riesen Probleme“/ „Огромни проблеми“) и Мулхаимер награда за најдобар детски драмски текст („T-Rex, bist du traurig? Steht dein T für Tränen?“ /„Т-Рекс зошто си толку тажен? Дали твоето Т е за тажен? “) Делата на Фаер се изведени на бројни театарски сцени, меѓу другото во Театарот на младиот свет во Лајпциг и во Баденскиот државен театар во Карлсруе. „Anorexia Feelgood Songs“ ја освои наградата на жирито на Денови на млада драматика 2020 година, влезе во потесен избор за Германската театарска награда за млади во 2022 год. и беше избрана од германскиот комитет на европската мрежа за драма и превод ЕУРОДРАМ во 2024. Премиерно беше изведена во 2021 година во театарот Магдебург (Режија: Јулиане Кан). Во 2024 год. повторно беше поставена во Театарот Кобленц (Режија: Дамира Шумахер).