БЕЗ ТЕБЕ Како испукан куршум што би сакал да се врати во цевката, уморен штурец и неговата бесплодна песна, прст што црта по замаглениот прозорец на ноќен воз што јури, како една непозната станица, а можеби и секоја, како оној што мора да избере полошо, како ветер што морето го изневерило, младич шт...
МЕНЕ ПАК МИ СЕ ПИЕ СО ТЕБЕ Каква песна, каква поезија, сето тоа е ништо во споредба со тебе, твоето друштво многу ми годи, само се плашам да си признаам на себе. Вечерта беше прекрасна и тивка, те пиев како најдобро вино, гледајќи те останав без здив, се насмевна и ми стана убаво. Ти ги кажував свои...
НЕ Е ДО МЕНЕ Не е до мене да ги смирам бурите, не сум силник со жезол во раката. Не можам да собирам парчиња стакло, ниту имам бродови во воено пристаниште. Не е до мене да ги скротам громовите, не сум кратер што огнот го жари. Не можам да ги поместам ни небото ни сонцето, не ме чуваат пци стражари....
ТИВКИОТ ПАТ Колкупати тивкиот пат до Крстот, колкупати одот со наведната глава, двојното ѕвоно, кренатата глава, длабока воздишка и последно збогум. Уште еден замина, а нас нè има сè помалку, тажната поворка е сè помала и потивка, сè постари тела, подгрбавени, чекорат, и во мирен ред го чекаат својо...
СВЕТОТ НА ДЛАНКА Колку грешевме, слепо по патеките на нашите предци, рушевме, лажевме и го газевме човекот? А светот и Земјата и Небото на дланките ги носевме. Сите гревови на светот ги вжештија нашите стапала. Човеку, зошто сме себични? Казната се нашите очи, огледала напукнати од страв. Сѐ уште ве...
БЕЗИМЕНИОТ Нема да ти го спомнам името, во оваа песна тоа и не е важно, самото чувство кога ќе те видам силно ме носи кон тебе да итам. Ќе ти ја откријам својата тајна, во мислите, без допир, како разбудена жена чекам со песна да те љубам, да те допрам. Обично во романот приказната бара вечна љубов,...
АВИОНИ И БРОДОВИ Нема ништо поубаво од погледот на авионите во воздух. Златната сончева кора на крилата поубава е од комета. Авионите се плугови што ораат по непознатото небо. Шест недели на гробиштата на бродови во Трогир работевме на едрилица и ги гледавме авионите како слетуваат и полетуваат. Јас...
РЕПУБЛИКА НА ТИШИНАТА Секогаш предоцна ме стигнуваш. Или ме оставаш да те барам. Така се следиме, одвреме-навреме. Моето родно место, роден град за туѓинците. Тврдиот звук – одамна се струполи врз плочниците. Затоа каменот одѕвонува со насобрана тага. Над разбеснетата вода ти си височинка, едвај доф...
РАСПРСНУВАЊЕ Меѓу прстите лизгаво цвекло, крвава, жива. Разговорот со баба смирува, баба се грижи за утрешниот ручек и за зимницата. Низ руменилото на цвеклото, вратената боја на лисјата. Баба раскажува за кавгата околу поседувањето пусти ниви. Низ кората на цвеклото, вратена во средиштето на Земјат...
АТЛАС So come out of your cave walking on your hands and see the world hanging upside down. Mumford & Sons Нозете на астр онаутот му лебдеа во воздух, додека со рацете едвај се придржуваше за тревните сламки пред пчеларникот за да го однесе во орбитата. Со широко отворени очи ги набљудував јаболката...