Elementi Logo

АВТОР: Ана Стојаноска

Објави од Ана Стојаноска
Backgorund

Ана Стојаноска

Д-р Ана Стојаноска, театролог, писателка, професорка на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Дипломирала на отсекот за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје (2001). Постдипломските студии по театрологија ги завршила на ФДУ, каде што магистрирала (2003) и докторирала (2007). Работела како истражувач-координатор во Институтот за театрологија при ФДУ – Скопје, од 2002 г. Учествува на многу симпозиуми, научни трибини и работилници од областа на театрологијата, компаративната книжевност и културологијата. Одржала повеќе јавни предавања од областа на театрологијата. Авторка е на книгите: Јас и Лин, отпосле (роман, прво издание, Блесок, /2016/; второ издание, Култура /2019/; за која ја доби наградата Рациново признание, /2017/ и беше финалист за наградата Роман на годината); Димитар Ќостаров – Реалистичката поетика и естетика на еден режисер (монографија, ФДУ, 2014) и Македонски постмодерен театар (монографија, ФДУ, 2006). Приредувач е на книгите: Драми од Дејан Дуковски (Проартс, 2002) и Современа македонска драма (Микена, 2008). Авторка е на деведесет студии и есеи објавувани во македонската и странската периодика, како и коавтор на неколку театарски монографии. Исто така, е дел од авторскиот тим на Поимникот на книжевната теорија (МАНУ, 2007). Коавторка е на повеќе театролошки монографии. Во 2019 г. стана член на Друштвото на писателите на Македонија. Пишува постојано, не сакајќи да се „вкалапува“ во ниту еден жанр (научен или книжевен), затоа пишува и проза и поезија и драмски текстови. Нејзината монодрама Стаклен лампион е праизведена како радиодрама, во продукција на Театра – Скопје, (2013).

Погрешните станици и патиките со црвени врвки

Погрешните станици и патиките со црвени врвки Ме чеша левото крило, гласот му беше силен, рапав, уморен баритон, затворен во минатото. (се обидов да го допрам под левата плешка, таму кај што рече дека болело) Не ме фаќај, уште имаш сон под прстите, Ме фати тој за дланката и ја протри на усната. Ќе п...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 21

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ