Дубравка Матовиќ (1982) е родена во Ариље, дипломирала на Филолошкиот факултет во Белград.Од 2019 година е уредник на литературната програма на ARLEMM, која ја организира и модерира. Соработува со списанието на манифестацијата ARLEMM уште од неговото прво издание. Ги објавила книгите: Имам и немам (2006), Сентиментална кујна (2012) и Млеко (2020). Нејзината поезија е објавена во печатена форма (Поља, Повеља, Корачи, Треќи Трг, Новости) и на интернет.
ПАТ ЗА СОМБОР Како ништо во природата со што може да се спореди се протегна асфалтот за да ги израмни патиштата. Како трага од полжав се повлече белата линија за да ги означи правците и односите во тридимензионалниот свет. Како суво дрво без гранки бесплодни стојат фенерите дење, половина живот сосе...