ФЕРИ ЛАИНШЧЕК (1959), словенечки писател, поет, драматичр и сценарист. Роден е во Доленци, во Лутеранско семејство. Дипломирал новинарство на Љубљанскиот универзитет и од 1980 година работи како презентер во Радио Љубљана. Од 1990 година живее и работи во Мурска Собота. Автор е на над дваесет романи и исто толку романи за деца, на десетин поетски збирки, како и на голем број радио драми за деца и возрасни. Напишал сценрија за шест филмови. Добитник е на голем број на нгради како: Прешернов склад, наградата Кресник (двапати), Вечерница, Десетница, награда за сценарио на фестивалот за словенечки филм во Порторож, како и Прешерновата награда за животно дело.
ТИ ЗНАЕШ Ти знаеш дека утрата се како мали деца и чистата свежина на отворениот прозорец е полна со немир. Ти знаеш дека како сонце одново се раѓаме и ноќната тишина од претходниот ден е бездна на споменот. Ти знаеш дека љубовта не е правиот збор и долгите романи на денешницата се полни со празнина....