Elementi Logo

АВТОР: Габриела Стојаноска

Објави од Габриела Стојаноска
Backgorund

Габриела Стојаноска

Габриела Стојаноска (Прилеп, 1978) дипломира и магистрира на Катедрата за oпшта и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работи како наставничка по македонски јазик во основното училиште „Кочо Рацин“ во Прилеп. Десетина години беше главна и одговорна уредничка на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. Ги има објавено збирките раскази „ГОЛА“ (Арлекин-ГФ, Прилеп, 2007) и „ПРИКАЗНИ ЗА КРАТКОСТА – раска(з)(ж)и за своја душа“ (Сигмапрес Скопје, 2019); „СЕГА БИ ПИШУВАЛА ЗА...“ (Прилеп 2022) научната студија „КУСИОТ РАСКАЗ И СОНОТ- компаративни паралели низ призмата на неколку критички методи“ (Сигмапрес Скопје, 2018), збирката поезија „Живи рани, мелем песни“ (Прилеп, 2025) и збирката драми „ДРАМИ (ТРУДНИЦИ/ТАЈНИ)“ (Прилеп, 2020). Нејзината пиеса „На паркингот“ („Стремеж“, 2005) беше работена како дипломска претстава „Воајер“ (2009) на режисерката Александра Кардалевска, во класата на професорот Слободан Унковски. Од наградите ќе споменеме неколку: прва награда на конкурсот за краток расказ на „Студентски збор“, две први награди на двата конкурса за кус-кус расказ на интернет порталот Окно, откупна награда на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“, трета награда на конкурсот за краток расказ на Фондот на холокаустот на Евреите на Македонија. Во 2020 г. ја доби наградата Македонска книжевна авангарда за збирката раскази „Приказни за краткоста“, а добивала и награди за раскази и песни на конкурсите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ – Гостивар, Мариовско-мегленски средби, Маџирмаалски поетски бранувања, на конкурсите за краток расказ на Организација на жените – Битола и НУБ„Св. Климент Охридски“ – Битола и други. Застапена е со расказ во антологиите: Contemporary short story, BEST of Sarajevo Notebooks II,„Сто македонски раскази“ (Тренд, Феникс, Скопје), „Електролит 2007“ (Темплум, Скопје),„Приче за понети“ и „Најкраħе приче 2008“ (Алма, Белград), во малата антологија на современата македонска микрофикција „Летаат приказни“ (2019), во обемната антологија на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ (2022) и други. Има објавувано поезија, проза, есеи и рецензии во повеќе книжевни печатени и интернет списанија: „Стремеж“, „Наше писмо“, „Корени“, „Сарајевске свеске“, „Лоза“, „Библиосвет“, „Електролит“, „Ние“, „Македонија Презент“, „Современост“, „Книжевни елементи“, „Блесок“,„Sinhro.rs“, „Раст“, „Современи дијалози“ и др.

Е И ЌЕ БИДЕ

Е И ЌЕ БИДЕ Само малку да го гребнеме со нокт зимското цвеќе на џамот градот вишнее, светли, спокои дотеран за вселенска разгледница, за бајка детска, за сираков сон и услишана молитва на испосник стаклест и семирен ко божиќен лампион. Само малку да го загребеме со лопати мразот стегнат под нозе ќе...

Прочитај Повеќе

ОХРИД ЛАКУС

Зградата на седиштето на Меѓународната астрономска унија во Париз беше речиси испразнета. Пурпурната квечерина навеваше освежувачки кислород и мирис на влажна трева низ единствените отворени прозорци на првиот кат. Додека младиот чистач, во веќе затемнетиот пуст ходник, оддалеку, со нервоза ја набљу...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 21

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ