Автор на фотографија - Горан Петров ЃОКО ЗДРАВЕСКИ (1985), поет и раскажувач. Дипломирал и магистрирал на филолошкиот факултет во Скопје. Работел како лектор по македонски јазик на филолошкиот факултет во Ниш. Автор на четири поетски збирки: Палиндром со две н, Куќички за птици преселници, Љубавина и Дедикал Икарал, како и на збирката кратки раскази Отсечки стварност.
В НЕБО ТРЕТО замижан загледај се во небото меѓу веѓите. ведро ли е? омеѓено ли е од ведите? лие ли вода обилна ко од ведро, ко од небо штедро? светлост ли е или свет лост за поткревање угоре? ѕуни ли мост, лак божји виножитен? ѕирка ли проѕирка или магли спростреле волнена простирка? пирка ли? запир...