Гордана Балеска Трифуноска (1993, Охрид) дипломирала на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Скопје, а потоа магистрирала на на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент, Скопје. Авторка е на стихозбирките: „За блудниот син, за блудната ќерка“ (2022, Креативна верига) и „Трепери срцето мое“ (2010, Ирис). Нејзини песни се објавени во периодиката, а нејзини раскази се објавени во „Рукописи 43“, Панчево, Србија, и во збирката раскази од повеќе автори „Интимно со пандемијата“ (Креативна верига, 2021). Добитничка е и на откупна награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ за расказот „Еден убав сончев ден“ во 2021 г.
Прво беше зборот Некој еднаш ме праша Што ако престанеме да се слушаме Што ако зборовите престанат Да допираат до нас И се претворат во безгласна буква Што ако молкот почне Да се напластува како снег Во подножјето на една тешка тежина Чија сенка ни сонцето не може Да ја опфати Што ако замреме во миг...