ИВАН ДОБНИК е роден во 1960 година во Цеље, Словенија. Поет, преведувач, уредник, есеист и критичар. Дипломирал на филозофија со компаративна книжевност на Универзитетот во Љубљана. Од 1988 до 1995 година бил вработен во Библиотеката Бежиград. Уредник е на списанието Апокалипса, како и главен и одговорен уредник на литературното списание Поетикон од 2005 година до денес. Основач е на книжевниот кружок Куќа на поезијата во 2006 година и до денес организира активности со поети од цел свет. За поетската книга „Ги затвораш своите очи“ е номвиниран за престижната поетска награда Вероника во 2004 година. Има учествувано на бројни фестивали во регионот и светот. Неговата поезија е препеана на српски, хрватски, германски, македонски, полски, чешки, италијански, англиски, бугарски, белоруски, словачки, француски и романски. Има напишано на 15 поетски збирки. Живее и твори во Словенија.
ГИ ЗАТВОРАШ СВОИТЕ ОЧИ Ги затвораш своите очи и моите прсти се река од ѕвезди, кои се галат. Ветерот заспива со ноќта, во која се спушта нашата едрилица на морето без крајбрежје. Безвременоста мириса на солената роса од кожата. Двајцата бегаме во себе, твоето тело е сончев оган кој танцува. Воздухот...