Кристина Шпиранец (Забок, 1987) е поетеса, книжевна критичарка и професорка од Бедековчина. Магистрирала хрватски јазик и книжевност, како и компаративна книжевност. Во 2012 година учествувала во проектот „Критисајз дис!“ (“Criticize This!”), во чии рамки на бројни интернет-страници објавува низа книжевни критики за современи дела од автори од регионот. Продолжува да пишува книжевни критики за порталот „Букса“ (“Booksa”), како и за списанијата „Тема“, „Агон“, „Књижевна република“, „Поезија“ и „Хрватско загорје“, а во емисијата „Брилијантин“ ги претставува делата на современите хрватски автори. Од 2015 година е претседателка на Стручната оценувачка комисија на книжевната манифестација „Сусрет ријечи“, а од 2020 година одржува работилници за креативно пишување за средношколци во рамките на манифестацијата „Денови на К. Ш. Ѓалски во Забок. Досега има објавено две збирки поезија: „Додека не ме скршиш“ (Штајерфраф, 2015) и „Зад срцето, град од капини“ (МеандарМедиа, 2024), како и книга со критики под наслов „За неопходноста на поезијата. Избрани критички читања“ (2024). Во 2025 година ѝ е доделена повелбата за успешност „Јулије Бенешиќ“ за објавената книга со критики.
РАСПРСНУВАЊЕ Меѓу прстите лизгаво цвекло, крвава, жива. Разговорот со баба смирува, баба се грижи за утрешниот ручек и за зимницата. Низ руменилото на цвеклото, врат...