Фотограф: А. Стевановиќ МИЛЕНА МАРКОВИЌ (1974) е родена во Земун. Дипломирала на ФДУ во Белград на отсекот за драматургија. Авторка е на пиесите: Павилјони – каде одам, каде доаѓам и што има за вечера (2001), Шини (2002), Наход Симеон (2006), Брод за кукли (2006), Шумата блеска (2008), Змејобијци (2014), Деца на радоста (2016), Пет животи на претажниот Милутин (2018), Ливада преполна со темнина (2019), како и на сцеанријата за играните филмови Утре наутро (2007), Бел, бел свет (2009) Татковина (2016), Жив човек (2020), како и за документарниот филм Рударска опера (2007). Добитничка е на три Стериини награди за најдобар текст, како и на наградите „Борислав Михајловиќ Михиз“ и „Тодор Михајловиќ“, а за книги добитничка е на наградите: „Милош Црњански“, „Билјана Јовановиќ“ и „Ѓура Јакшиќ“, а и на наградата „Перото на Деспот Стефан“ за поезија.
ДЕЦА чук чук што што чмаш глава имам глава дај ми ја главата скорец со око зло клупата ја гледа еј еј што што имаш очи имам очи дај ми ги очите грда мачка мете со опашка шуплив лист ху ху што што имаш јазик имам јазик дај ми го јазикот гулапче болно се прпелка в река ој ој што што дај што имаш ништо...