Никола Дукоски е роден во Скопје во 1993 година, но потекнува од Прилеп. Завршува студии по психологија на филозофски факултет во Скопје во 2017 година и паралелно се надоградува со Гешталт психотерапија. Пишува поезија, Слем поезија, проза за деца што всушност е и неговата примарна работа. Живее со природата, го сака спортот, џезот и хорското пеење.
Се настанува од љубов(та) Најпрво е ритамот на срцето Тој, вродениот што никогаш не лаже Тaм там там, та та там там… Следен е погледот што се огледува, Па погледот пред првиот допир, Па контактот, Па спојот Спојот на дланките што се вкрстуваат. Сврзно ткиво што ги сврзува сите поткожни клетки Потоа,...