Сања Трпковска е македонска авторка која пишува на повеќе јазици. Посветена е на создавање проза што го спојува современиот литературен тон со кинематографски израз. Во своето творештво често ги истражува темите на идентитетот и сеќавањата, сместени во и вон балканските пејзажи. Романот „Големиот Скандал“ е нејзинот прв објавен роман за „Фуснота“. Вториот ракопис „Реквием на тацна“, беше избран меѓу финалните три ракописи на конкурсот „Новите“ (2023). Расказот „ПАС-АПОРТ“ беше објавен во рамките на конкурсот за краток расказ Бибер 04 (2021), на македонски, српски и албански јазик, додека расказот „The Powder Lady“, напишан на англиски јазик, беше нејзина прво-рангирана авантура за 2024 година пласирајќи се на листата „Coverfly Red List“.
I - 2: Лондон повикува Внатре, во возот, се отвори нова реалност. Росана Бемба го имити раше гласот на разгласот кој објавуваше за нејзиното патување. Со два прста елегантно си ја намести косата стоејќи во ходникот. Возот е долг и уреден, таа патува во првата класа. Првин на стакло то од вратата м...