Софија Тодороска
Сабја со бисерен балчак Се пронижа низ мене тенка острица – студена; Мина низ ситната градина, насади целувки студенило: ги покри своите бисери со земјата која во мене уште од создавањето прародителско останала. Го чекам времето кога ќе расцути она што ќе биде ќерка на студен бисер и месечева сенка...