Автор на фотографија - Саша Зинаја СВЕН ПОПОВИЌ (1989), хрватски прозаист. Дипломирал компаративна книжевност, англиски јазик и американистика на Загрепскиот универзитет. Пишувал музички и книжевни критики за специјализирани списанија за тоа. Неговиот првенец Небо во калта излегува во 2015 година, а во 2018 година романот Уверливо втор. Неговите раскази се преведени на англиски, германски, полски, каталонски и романски.
Поминаа тринаесет години откако момчето од одделението ти заби молив во дланката. Парче графит се скрши и продолжи да скита по ткивото. Графитна подморница демнеше од под површината, ти ја напнуваше кожата. Ситна сива подморница, потсетник на облеката и прстите извалкани со креда. Тој ден не те отпр...