ПРЕИЗВИКОТ НИШТО
Констатацијата дека ништото како наратива во уметноста не може во целост да се постигне во авторската креација, од причина што тоа би го изолирал концептот без кој не може да се обликува естетски производ, но се надеваме дека третирањето и тенденцијата кон оваа тематика ни го трасираат патот кон прагматичноста која со попстепени стадиуми и со тек на време благодарение на колегијалните ставови и критериуми актуелизираната тематика ништо би ја достигнала нејзината минимизирана форма во доменот на нејзините етаблирани максималистички граници.
Апстинирањето од поекстремен карактер од ред стандардизирани социолошки воспоставени вредности како што се одрекување од генетската материја на човекот, егзистенцијалистичката материјалност и спиритуалноста на естетиката, кое од страна на множество личности е присутно и забележано во историјата, пред се од припадници кои воспоставиле корелација со најразлични религиско-духовни организации, иделошки организации, анархистички револуционерни конституции, разни облици на каузи со антиставови кон хедонизмот, движења и правциод различни општествени структури, наследени догми со едукациски карактер, медицински практики, па и самоиницијативни индивидуализирани ставови. Набројувањето на овие категории би одело во недоглед ако на анализирањето на оваа тематика би и пристапиле од овој психолошки став дека и намалување на конзумирањето (јадењето) благи прејранбени производи заради здравствени причини е чин на одрекување, така шти судот за мерката на апстиненцијата е од субјективен карактер. Од горенаведените категории одредени индивидуи апстиненцијата ја применувале парцијално и од различни побуди а и потреби, адруги личности оделе до максималистички норми движејќи се до работ на егзистенцијалното. Овие одрекувања се правени од најразлични ставови, догми и каузи, додека, пак, ние категоријата апстиненција ја применуваме континуирано, подолг временски пеирод каде што критички ја анализираме за да ја естетизирамеи делумно да се конектираме исклучително преку уметнички практики со суштината на ништото.
(Од есеистичката книга „Предизвикот ништо , Текстуално документирани ликовни перформанси, во издание на Академска мисла, Скопје, 2025)
Давор Тоциновски е роден на 12 јуни 1976 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје во 2001 година. Дипломиран ликовен педагог со сликарство во класата на проф. Рубенс Корубин. Постдипломец на групата за повеќемедијална уметност на Универзитетот за уметности во Белград. Самостојни изложби: 1999, Скопје, Ликовна инсталација "Однапред иднина минато", коавторство со Мето Ангеловски, 2000, Скопје, Ликовен проект "Кога детето беше дете незнаеше дека е дете", 2001, Скопје, Ликовен проект "Реконструкција на кругот". Селектирани групни изложби и колонии: 1996 и 1997, Велес, Друштво на ликовни и применети уметници, 1998, Ликовно колонија "Лесново 98", 1999, Ликовна колонија "Јелак 99", 1999, 4 Студентско интернационално биенале, Музеј на град Скопје, 2000, Ликовна графичка колонија, дрворез, Македонски Брод, 2000, Меѓународна ликовна колонија "Звук, движење и музика", Подгорица, Црна Гора, 2001, "Риал презент", Музеј во Белград, 2003, Фестивал Париз - Берлин, презентација во Париз, 2003, Млади уметници, Велико Трново, Бугарија, 2003, 2003, Фестивал Париз - Берлин, презентација во Берлин, Последната источноевропска изложба, Музеј на современа уметност, Белград, 2003, Меѓународен проект "Разликите обединуваат", Велес.