Elementi Logo

БЕЗ ТЕБЕ

Backgorund

БЕЗ ТЕБЕ

Како испукан куршум што би сакал
да се врати во цевката,

уморен штурец и неговата бесплодна песна,

прст што црта по замаглениот прозорец
на ноќен воз што јури,

како една непозната станица,
а можеби и секоја,

како оној што мора да избере полошо,

како ветер што морето го изневерило,

младич што брзал да порасне,
а станал старец,

спортист што ги изгубил
страста и жарот,

како брод што штотуку испловил,
а мора да се врати,

cappo machina што не умее да сфати
каде настанал дефектот,

дете на кое му умрело кучето,

пејач што го изгубил гласот,

удавеник што не го дочекал спасот,

печка покрај која е толку студено
што и самата душа се смрзнува –

ето таков сум
без тебе.

 

МОРЕТО СОНУВА

Јас сум само камче на морското дно,

трошено од упорноста на бранот,

измазнето, досонувано во сонот на детството,

светкање на плажата на дланката на едно момче.

И мотар што се спротивставува
на камената белина,

и тревка – на сонцето се сушам во карпеста пукнатина,

а солта ме вкочанува, ме избелува и ме проникнува,

додека морето полека испарува од мене.

Осека е, го слушам, но сѐ уште не ме прегрнува,

не брза кон мене со многу самодоверба.

Можеби морето спие,

во сонот мирува,

ги сонува своите осамени солени патишта.

 

Препев од хрватски јазик: Сашо Огненовски

ЗА АВТОРОТ

Звонко Варошанец

Звонко Варошанец

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 21

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ