Elementi Logo

МЕНЕ ПАК МИ СЕ ПИЕ СО ТЕБЕ

Backgorund

МЕНЕ ПАК МИ СЕ ПИЕ СО ТЕБЕ

Каква песна, каква поезија,
сето тоа е ништо во споредба со тебе,
твоето друштво многу ми годи,
само се плашам да си признаам на себе.

Вечерта беше прекрасна и тивка,
те пиев како најдобро вино,
гледајќи те останав без здив,
се насмевна и ми стана убаво.

Ти ги кажував своите песни,
не изусти ни збор,
сакав да ти кажам што не се смее,
но храброста ме напушти.

Ме праша за годините,
ти реков дека тоа е неважен број,
но ако сакаш поради вистината,
се удавија во твојот поглед.

Сè се случи во Водице,
од тогаш времето чесови не брои,
што ли се случи тогаш со нас,
масата за двајца сè уште стои.

А морето светкаше под месечината,
како да ја крие нашата тајна,
дали беше стварност или само ми се чини,
мене пак ми се пие со тебе.

 

МОЖАМ, А НЕ МОЖАМ

Можам да напишам песна
за кого било и за што било,
можам чешма од стихови
да отворам во секој миг.

Можам да редам рими,
да пишувам слободен стих,
можам да ѝ го спомнам името,
но не ја давам никому.

Можам без трошка страв
низ стихот да се предадам себеси,
да пишувам без престан
и никогаш да не застанам.

Зашто вие сте дел од мојот свет,
поддршка за поетот,
за да влезе во вашите срца
како пчела во својот најмил цвет.

Само едно не можам –
да освоам една жена,
и постојано на Бога му се молам
да заспијам во нејзиниот скут.

Препев од хрватски јазик: Сашо Огненовски

ЗА АВТОРОТ

Златомир Вуко

Златомир Вуко е роден во Шибеник во 1955 година. Со пишување активно почнал да се занимава во 2016 година. Член е на книжевните здруженија „Влахо Буковац“ – Сплит, „Култура на соништата“ – Загреб, „Зборовите над се“ – Задар, како и на Матица хрватска, огранок Шибеник. Претседател е на Комисијата за култура на Хрватско-македонската тангента.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 21

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ