АЛЕКСАНДАР ПРОКОПИЕВ (1953), македонски прозист, есеист и музичар. Дипломирал на филолошкиот факултет во Белград каде што магистрирал, а, докторски студии завршил на Сорбона во Париз. Бил член на култната српска рок група „Идоли.“ Основоположник на постмодернизмот во македонската литература. Објавил дваесетина прозни книги – раскази, новели и еден роман: Пловидба кон југ, Слово за змијата, Антиупатства за лична употреба, Човекот со четири часовници, Човечулец. Добитик е на престижната награда Балканика: Работи во Институтот за македонска книжевност во Скопје.
СТАРОСТА НА ТРИБУНОТ Во размислувањето за однесувањето на три типа писатели во однос кон власта, мислам дека за Трибунот не се доискажав. Го определив како искусен, одмерен играч, кој понекогаш, ако е потребно, кокетира со власта за да остане на трибунското место доживотно. Но, како и кај Хронистери...
Оваа приказна во својот замрсен, смешен заплет е врзана и за Моне, мојот цимер од белградските бруцошки денови. Моне ме дочека во мансардата на Сењак, во предвоена куќа што сега им припаѓаше на г-ѓа Ј. и тета Лепа. Гласот на тета Лепа беше од оние пробивно чујните што, во недостаток на петловото кук...
Пред да биде модел, Моделот беше студент на прва година на Филолошкиот факултет, група италијанистика, поточно дуплиран бруцош, зошто го одолжи полагањето испити. Наспроти мрзливоста во студирањето, Моделот беше подвижен и придвижен во дружбите со своите врснички и врсници, при што не малку му помаг...