Бардул Заими е роден во 1970 година во с. Слатина, Тетовско. Над 20 години работел како новинар и уредник за култура во различни медиуми, печатени и електронски. Неговото литературно творештво опфаќа период од над 30 години. Објавуван е во различни културни и литературни списанија во земјата и во странство. Во 2004 година ја објавил својата прва книга со есеи, насловена „Fuga e fjalëve“ („Фугата на зборовите“), а во 2008 година втората книга со есеи, „Violinat e vjeshtës“ („Виолините на есента“). Во 2017 година ја објавил својата книга со поезија и раскази, насловена „Dorëshkrime prej ajri“ („Ракописи од воздух“). Исто така, во 2018 година ја објавил студијата „Paradigma e kritikës së Kutelit“ („Парадигмата на критиката на Кутели“). Во 2020 година ја објавил книгата со есеи „Diskurse të pambaruara“ („Недовршени дискурси“), а во 2021 година книгата со есеи „Britma pa zë“ („Крикови без глас“). Во 2022 година ја објавил книгата со раскази и поезија „Avlëmendi i pritjes“ („Разбојот на чекањето“). Низ годините бил дел од многу дебати за културниот и литературниот живот, а и натаму објавува есеи, книжевна критика и поезија во медиумите во земјата и во регионот.
НОКТУРНО Треба да забавиме, Господе сè брза кон својот крај сè умира во грмушки суштини сè се крие во величествена немоќ Во човечките јадра мувлата мирно се храни животот наш веќе не е наш сенките на невидливата закана се издолжуваат нè допираат со несвесен здив нè туркаат во аголот на нашето постое...