Бењамин Хасиќ е роден и израснат во Сараево. Дипломирал и магистрирал од Академија за сценски уметности во Сараево, каде што е моментално вработен како виш асистент. Работел како драматург во неколку претстави вотеатри во Босна и Херцеговина.
КУЌА Есен Стара куќа. Стар мебел. Полумрак. Вања и Саша седат на каучот и пушат цигари. ВАЊА: Ќе се преселам со Лејла и децата. САША: Повели? ВАЊА: Што мислеше ти? САША: Дали планираше некогаш да ме известиш? ВАЊА: Мислев дека си претпоставил... САША: Да, да го ебам,Саша, нема ни да му кажеме. ВАЊА:...