Љупчо Петрески работи како самостоен автор, преведувач и професор. Неговиот дебитантски роман „Лазарка“ (Арс Либрис, 2020) беше добитник на наградата „Пегаз“, како и финалист за регионалната награда „Балканика“ од Северна Македонија. Исто така објавува преводи, кратки раскази во повеќе литературни списанија и веб портали во земјата и регионот. Како дел од неговата преведувачка дејност се дела на Силвија Плат и современите квир поети Оушн Вуонг и Џерико Браун. Застапен е и во антологијата на регионална квир поезија „Рушење на четирите ѕида“ во издание на Хрватското друштво на писатели, издадена во 2024 година. „Потклек“ (Бегемот, 2025) е неговиот втор роман.
Потклек (извадок) Живеам во град што го нарекувам свој дом помалку од две децении. Град што, мора да признаеме, ако го споредиш со други поголеми градови, не е убав. Гр...