Сатја Александар Давитков (2002, Скопје) студира Молекуларна биологија со генетика на Природно-математичкиот факултет при УКИМ, Скопје. Средно образование завршил на Државниот музички училиштен центар, во Штип, на отсекот за Пијано со одличен успех. Негова поезија е објавувана на платформата „Култура Бета“, на уметничката инсталација „Никулци“ во Дом на млади – Штип. Негови есеи се објавени во „Средношколски размислувања 4“. Учествувал на „Поетска епизода #1“. Покрај пишувањето поезија, компонира и свири пијано, за што има освоено бројни награди на акредитирани меѓународни и државни натпревари.
Градината што пролет не дочекала Во левиот џеб од капутот ја носам мечтата кон едноставното. Слика од цветна градина со мирис на пролет. Всушност, мирисот доаѓа од дамката чај засадена на неа, бидејќи на сликата лале не би можело да исцути. Во градината цутат само цветови од боја, но не и ружи. Живе...