Стефан Алијевиќ е роден во Ѓевѓелија, на југот на Македонија. Дипломирал општа и компаративна книжевност и англиски јазик во Скопје. „Вечерен автобус“ е негова прва збирка раскази. Добитник е на наградата „Штефица Цвек“.
Кога доаѓам кај тебе во продавница, велам „ќе одам кај Бабе“. Твоето име ми е непознато. Ти си жената што секогаш носи црно. Стоиш поткачена на една излитена дрвена палета; тоа е твојот мал пиедестал, веднаш до металната влезна врата, од каде што без никаков ентузијазам ги поздравуваш муштериите што...