ВЛАДАН КРЕЧКОВИЌ(1988), српски поет и прозаист. Дипломирал на отсекот за новинарство и комуникологија на Факултетот за политички науки во Белград. Автор е на романот Алекса или низ снеговите и сирените и на поетската збирка Париз, Тексас. Добитник е на наградата за дебитантска поетска книга Мостови на Струга на овогодинешните Струшки вечери на поезијата.
БЛИСКУ ДО САНАТОРИУМОТ Од последната станица Би пешачел кон шумата Во насока на згуснувањето на тишината. Зад жичаната ограда Пациентите ги прислушкуваа своите непрестани монолози. Повеќе би се израдувал На кутиите цигари отколку на мене. Залудно како сведоци Нудев стари фотографии. Тоа не бевме ние...