Elementi Logo

АВТОР: Вук Престовиќ

Објави од Вук Престовиќ
Backgorund

Вук Престовиќ

В. В. Престовиќ (Вук Престовиќ). Роден е во Белград во 1992 година, како Вук Вуковиќ. Под тоа име објавил две поетски збирки во издание на „Пресинг“ – „Орфеевите сенки“ (2015) и „Антипоезија“ (2017), а постигнал и забележителни резултати во областа на краткиот расказ, меѓу кои и наградата за најдобар краток расказ на „Шумадиските метафори“ во 2021 година. Истата година влегол во потесниот избор за печатеното издание на наградата „Лепосава Мијушковиќ“ со книгата „Никој повеќе не оди во рајот и други раскази“, а освоил и второ место на конкурсот „Кога животот ќе те изненади“, во организација на издавачката куќа „Лагуна“, покрај уште неколку други признанија. Застапен е во неколку прозни, драмски и поетски зборници: „Нова младеновечка поезија“ (Литера, 2017), „Нов младеновечки краток расказ – Карневал во сутеренот“ (Литера, 2019) и „Нова младеновачка драма – Куќа во вода“ (ГО Младеновац, 2020), која го носи насловот според неговата истоимена драма. Со песната „Homo homini lupus“, со која станува дел од збирката „Тенки револуции“, избрана во конкуренција на повеќе од 12.000 песни од автори од регионот на конкурсот на издавачката куќа „Контраст“ во 2023 година, тој престанува да учествува, да објавува или на кој било друг начин да се експонира на слични настани – во кои и дотогаш учествувал многу ретко. Со тоа, според сопственото видување, го заокружува и периодот на раното творештво. „Црвени уши или Лубин на суво (генеалогија на исчашеното колено)“ е негова прва книга по тој период, објавена под псевдонимот В. В. Престовиќ, во издание на „Литера“ (2026). Избор песни од книгата е објавен на регионалниот книжевен портал „Страни“ (2026). Од јули 2026 година има статус на самостоен уметник преку Српското книжевно друштво (СКД). Студирал филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Е-пошта: vukovicprestovic@gmail.com Веб-страница: www.vvprestovic.rs

Шестиот прст без палецот

Шестиот прст без палецот Одделно собираме букет цвеќе По сеќавање. Береме презреани чашки. Стегаме Тупаници. Се среќаваме на средината на распукнатиот Кревет. Од двете страни разделени со расчекор Во процепот. Ти стануваш вијадукт, јас твојот пешак Преку жицата. Носам роза меѓу забите. Ти го носиш н...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 22

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ