Златомир Вуко е роден во Шибеник во 1955 година. Со пишување активно почнал да се занимава во 2016 година. Член е на книжевните здруженија „Влахо Буковац“ – Сплит, „Култура на соништата“ – Загреб, „Зборовите над се“ – Задар, како и на Матица хрватска, огранок Шибеник. Претседател е на Комисијата за култура на Хрватско-македонската тангента.
МЕНЕ ПАК МИ СЕ ПИЕ СО ТЕБЕ Каква песна, каква поезија, сето тоа е ништо во споредба со тебе, твоето друштво многу ми годи, само се плашам да си признаам на себе. Вечерта беше прекрасна и тивка, те пиев како најдобро вино, гледајќи те останав без здив, се насмевна и ми стана убаво. Ти ги кажував свои...