Elementi Logo

До М. Оливарес 

Backgorund

...

 

До М. Оливарес 

 

Во длабочините на гробот никогаш не 

стигна до моите раце, 

бидејќи живееме во хаос и сакаме 

осаменост. 

 

Никогаш не знаев 

како да те препознаам во брановите 

на идните моменти на слики

што пробиваат во мене, во отсуство 

на пејзажи, градови, кули и мостови 

и неочекувани скршнувања на патот. 

 

Во тажниот пејзаж на темните очи 

никогаш не видов низ отворениот 

прозорец во градините што се потопени 

во демонстрации на улиците, 

пукањето на луѓе на хартија, на улиците 

каде што случајно те сретнав, 

каде што одеше, а потоа исчезна. 

 

Во глувонемите зборови што 

се спојуваат во градските канали без да бидат 

слушнати, бидејќи живееме во хаос и сакаме 

осаменост. 

 

Можев да те видам, барем за кратко 

време, во огледалата, сè уште збунет 

од твоето присуство, 

премногу исплашен да ја покажам 

јасната слика на моите раце, 

скриени во мантилот за дожд 

на човек што зборува со универзумот. 

 

Можеби утрешниот повик 

ќе го носи денешното ехо на 

разделени 

навечер, 

бидејќи живееме во хаос 

и посакуваме 

блискост.

 

... 

 

До Карл Маркс 

 

Лежејќи еден 

до друг, 

во кревет 

што се одвојува. 

 

Ги гасам светлата, 

и собата се исполнува 

со пот од измешани јазици. 

 

Внимателно мрдам 

под чаршафите, 

електрифицирани, неразбирливи 

допири, копам длабоко, 

 

сè подлабоко и подлабоко 

го грицкам твоето 

детско месо. 

 

Громот се 

оддалечува. 

Ги одбивам 

парите. 

 

...

 

До Џон Арборелиус 

 

Секој чекор 

надвор од собата  

те поместува 

треба да се повлечеш 

да го спасиш 

животот 

на фото-албумот

книгите 

....

кога коските на зборовите 

се скршат 

во растечки акорд  

кога ги цицаме 

срцата суви  

или можеби 

во засолниште 

ги следиме 

нашите  

вени 

олабавувајќи го 

стисокот 

на ѕидот 

 

Тука. Под овие лисја. Губиме крв. Губиме топлина. 

Ме зграпчуваш како мачка како младенче и ме носиш на спиење.



(од поетската книга „Анатомија“) 

Препевод словенечки јазик:  Драгана Евтимова

ЗА АВТОРОТ

Аљаж Копривникар

Аљаж Копривникар (1987, Словенија) е поет, критичар, преведувач, уредник и книжевен организатор. Неговата поезија е објавена во словенечки и меѓународни книжевни списанија и антологии, а е преведена и на повеќе јазици. Неговата дебитантска збирка „Анатомија“ (2019) е објавена во Грција („Vakxikon“) и Хондурас („Editorial Efímera“). Во 2023 година, неговата поезија се појави во германски превод во две изданија: прво на фестивалот „Hausacher LeseLenz“, а подоцна и како „Kleine Anatomie: Gedichte“ (издавачка куќа „A. Dielmann Verlag“). Тој е потпретседател на Здружението на словенечки книжевни критичари, го претставува Комитетот за превод и јазични права при ПЕН Словенија и раководи со „Fabula Festival“, „Versopolis“, „ThinkPub“, „ArtAct“ и „NovelEU“. Соработува со берлинската организација „Lettretage“ и е програмски директор на „Prague Microfestival“. Активно вклучен во книжевниот свет, тој го поминува своето време меѓу Љубљана, Берлин, Лисабон и Прага.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 22

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ