Elementi Logo

ПЛОШТАД, ПАЗАР, НОЖ

Backgorund

ПЛОШТАД, ПАЗАР, НОЖ

 

XVI

 

„пејте, деца“, вели учителката, „песна за слободата која доаѓа“, а гасеницата од ученичките глави започнува неусогласена рецитација: „ружите, лалињата, ружите, не ги сфаќаат само глупите, каранфилите, каранфилите, далиите, педофилите, герберите, ќе усчезнат берберите, гладиолите, ќе исчезнат вариолите, ирисите, перуниките, разни се мирисите, идеи понекои, орхидејата, темјанушките, јагликите, покојниците, зумбулите и можноста за божурите, уре, уре, мице, маце, на раб на мода, момините солзи, тоа од што се плашат и се страшат, солзите момини како копчиња на кошулата од калуѓерката, ќе дојде жешка рака од котларницата, ќе ослободи луто месо од чекање, нејопасните цреши желни за цицање, о кадифе, строги, молчеливи тетко што се гледаат а не виделе ништо, темјанушките, мртовците, зумбулите, ружите, не сфаќаат само глупите, можноститер на божурот, ура, ура, и на рабовите цветови од памук, нашата врева ги претвора во волна, исплети чорапи, воведи куна, инсистирај насилно на зима, и воздухот веќе станува полн со значења и нервозен.“

 

XVII

 

тој доаѓа, исадора.

 

утрово лежеше по половина час под креветите на соите деца и жената, кревајќи ги и спуштајќи ги со голи раце, велејќи „колку сте тешки“, но смеејќи се зашто бицепсите му растат.

 

Веќе одамна проќелав, зашто мајка му , продавачка на цвеќиња, го погалува по темето секој пат кога ќе го заврши добро својот дел од работата, со главата истенчена на горниот дел, како да му се заканувал некому премногу, па брадата малку му побегнала во вис, тој човек-врат, човек-жртва, доаѓа забрзано меѓу штандовите, зграпчувајќи попатно кртоли и газови. 

 

тој дојде, исадора. Покажувајќи канта цвеќе на границата на својот и соседниот штанд, мајка му плачливо вели: „ми го заградија преминот, ни земаат се, се ни земаат, синко“, а човекот-врат ги трие подлактиците, како да се борат две ласици, страстно го вдишува воздухот полн волна од чорапите што по рабовите од просторот ја утврдуваат својата побуна, па ја грабнува кантата и ја фрла толку далеку што расфрланите каранфили изгледаат како крв исфрлена нагло од мозокот што го погодил куршум.

 

заковува илјада јагоди во еден ист потег: ах, лето, лето.

 

XVIII

 

уште колку има до пладнето? блиску е, се насетува, зеленчукот постанува се поагресивен, поприма фалусни облици во градацијата: мешунка, моркови, тиквички, краставици. или од зелено оди кон крваво, како грашакот што знае дека веќе еден ден ќе постане вишна и со трпнат вкус на газа да му ја затне устата на сите кои го џвакале премногу.

 

тешки од првата спарина, човечките гласови се тркалаат по храната па паѓаат под вода, дното се крева и луѓето повторно стојат на цврсто, а штандовите се заринкуваат.

 

стеблата на липите, сега веќе сосема зелени, процветаа и со поленот уште посериозно го дефинираа просторот. кој веќе би се осудил да каже дека ова веќе не е пазар?

 

повеќето продавачки добија уште понекоја рака и уште понекоја глава, но не и уште меури и црева, мисли вука, задоволно триејќи ги рацете на прагот од јавниот клозет. кога ќе ја стави дланката многу блиску до очите, може да го опфати целиот пазар. нема закон над законот на клозетот, си мисли, а летото ја поддржува, слевајќи ги упорно своите сокови.

 

(Од поетската збирка „Плоштад, пазар, нож“, издание на Хрватското друштво на писателите, Загреб, 2021)

 

Препв од хрватски јазик:

Сашо Огненовски

 

ЗА АВТОРОТ

Мартина Видаиќ

Мартина Видаиќ (1986) е хрватска писателка и поетеса. Родена е во Задар, каде што дипломирала кроатистика. Со својата прва поетска збирка во 2011 година ја освоила високата поетска награда „Горан за млад поет“. Нејзините песни се објавени во повеќе домашни и меѓународни антологии. Во 2019 г. го објавила својот прв роман. Добитничка е и на наградата „Јанко Полиќ Камов“ (2021) за поетско-прозната книга „Плоштад, продавница, нож“, како и на Наградата за литература на Европската Унија за романот „Дрвеници“.

ЕЛЕМЕНТИ - БРОЈ 22

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ